Младите Кик боксери на мегдан во Римини
Кик боксинг федерацијата на Македонија согласно календарот на активности Ве известува за следната активност.
Македонската јуниорско кадетска репрезентација во кик бокс од 06-15.09.2014год. ќе учествува на Светското јуниорско кадетско првенство. Првенството ќе се оддржи во Римини, Италија.
Боите на Македонија ќе ги бранат младите но искусни кик боксери :
- 1. Mарија Божиноска +70 kg Кик лајт
- 2. Марио Додевски -69 kg Кик лајт
- 3 . Хедис Рамадани -67kg Лоу кик
- 4. Бобан Илиоски -71kg лоу Кик
Младите кик боксери на ринг и на татами ќе ги предводи тренерот на репрезентација Драган Атанасовски кој за свој помошник ќе го има Александар Стефковски .
Репрезентацијата ќе ја предводи претседателката Г-ѓа Александра Неделковска, која ќе присуствува на годишното собрание на бордот на директори на светската WАКО асоцијација.