Младите кик боксери ќе ги мерат силите во Шпанија

Овој викенд Македонската репрезентација во кик бокс отпатува во Сан Себастијан, Шпанија од 23-30.08.2015 година каде ќе земе учество на Европското јуниорско кадетско првенство.

 

Македонија ќе ја претставуваат 3 млади, но искусни кик боксери кои од светското првенство минатата година се вратија со 2 бронзи – Бобан Илиоски и Хадис Рамадани и едно петто место Марија Божиноска.

Оваа година од нив со оглед на тоа што се искусни во своите дисциплини и се одлично подготвени се очекува да го подобрат својот резултат.

Боите на Македонија ќе ги бранат:
– Марија Божиноска +70кг кик лајт;
– Бобан Илиоски -71кг лоу кик;
– Хадис Рамадани -67кг лоу кик.

Македонската кик бокс репрезентација ќе ја предводи претседателот на КБФМ Г-ѓа Александра Неделковска која во Сан Себастијан ќе учествува на состаноците на бордот на директори и на женскиот комитет, а ќе патуваат и селекторот Дејан Митровски и тренерот Драган Атанасовски.