Мисли на велосипедисти!

„Ако не ѕиркаш низ ретровизорот, не знаеш што пропушташ“. Особено добро мото на кампања за подигнување на свесноста за велосипедистите во очите на автомобилските возачи особено ако се знае дека за рекламата беше пуштен еден гол велосипедист низ улиците на Лондон. 

Хуманитарната организација за подигнување на безбедноста на патиштата како дел од автомобилската Асоцијација на Британија ја лансираа кампањата #ThinkBike каде се става акцент на зголемување на свесноста на возачите за велосипедистите и моторциклистите кои ги делат патиштата со нив.

Според анкетата каде беа прашани околу 17,500 возачи беше покажано дека девет од десет возачи (93%) признаваат дека е навистина тешко да се забележат велосипедите, а 55% од нив се често изненадени кога некој велосипедист ќе се појави од некаде. Слично беше и со мотоциклистите, 85% со 57%.

 

Затоа, кампањата првично пушта еден милион лепенки кои ќе бидат дистрибуирани до возачите како потсетник, двојно да ги проверуваат своите ретровизори кога прават промена во правецот на движење. Лепенката за велосипедисти треба да биде поставена на сувозачкиот ретровизор, а онаа за мотоциклисти на возачкиот.

Додатно, беше пуштена и интересна реклама со мотото „Ако не ѕиркаш низ ретровизорот, не знаеш што пропушташ“ каде беше пуштен гол велосипедист да вози низ улиците на Лондон. Реакциите на возачите беа многу интересни, а идејата е ова да им остане за памет.

Повеќе за кампањата и бројките од разните анкети можете да прочитате тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија