Скриената полезност од мешање повеќе типови на тренинзи

Од една страна витална и многу важна реакција на организмот, но од друга причина за низа заболувања и незгодни состојби. Воспалението, особено хроничните верзии се виновни за еден куп причини за на доктор, но не и ако вежбате и башка миксате различни видови на вежби.

Вежбањето само по себе делува врз ослободување на важни хемиски посредници во крвта како миокини и цитокини кои што се природни имунолошки стабилизатори на воспалителните реакции и дозволуваат на телото оптимално да се опорави од овие состојби.

Од друга страна, хроничното воспаление во телото се знае дека е причина за голем број на болести и состојби.

Новите студии покажаа дека одредени форми на вежби, и нивното комбинирање доведува до поголемо лачење на важните имунолошки медијатори, отколку други типови на вежби со што може индиректно позитивно да се влијае врз опоравокот од хроничните воспалителни процеси во телот.

На тест биле ставени 100 мажи и жени со прекумерна тежина, поделени во четири групи, тренинг со отпор (тегови), аеробни вежби, комбинација од аеробни и вежби со тегови и контролна група која примала плацебо „диетален” суплемент за намалување на инфламацијата.

По изминатиот период на вежбање резултатите покажале дека аеробната група имала намалување во нивоата на ТНФ (важен маркер за воспалението) за 20%, оние што дигале тегови за 26,9%, а кај оние кои вежбале комбинирано бил забележан најголем пад на оваа супстанца од 32,6%. Оние кои примале плацебо, нормално немале никакво намалување на ТНФ.

Ова е само поткрепа на веќе постоечките препораки за минимум три пати аеробно вежбање во неделата, но и комбинирање на силов тренинг и фитнес во целата слика со што ќе се добие комплетна придобивка и здравје. А еве зошто во разновидноста во тренингот лежи клучот на успехот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија