Преземено интервју со Рајнолд Меснер

Меснер: „Ова беше типично за Ули Штек“

Во ова преземено интервју, Рајнолд Меснер одговара на повеќе прашања, од терористичките напади на Еверест, соло искачувањето на Ули Штек на Анапурна, па сè до модерните проблеми во Хималаите.

 Рајнолд Меснер, неодамна го посетивте Пакистан, неколку месеца откако терористите убија единаесет алпинисти во базниот логор на Диамир на Нанга Парбат. Опишете ни ја атмосферата таму.

„Планината не е променета, но врските се многу полоши одошто си мислев. Тероритите биле платени убијци блиски до Талибанците, платени да извршат масакр. Првично имале друга цел. Голем фестивал со натпревари во поло итн. Бил откажан, веројатно поради тоа дека организаторите биле загрижени дека ќе се случи нешто. Потоа четата од убијци се завртела кон Нанга Парбат. По нападот убијците им ги зеле парите и избегале. Некои од нив беа уапсени, ни никој не знае кој им бил предводник. Од една страна терористите сакале да го нападнат северот на Пакистан, локалниот туризам, кој се намали за 90 %, но исто така сакаа да го нападнат и западниот свет. За среќа, немаше повеќе жртви. Имаше над 60 луѓе на Нанга Парбат, но повеќето од нив беа во висинските логори.“

– Сметате ли дека Нанга Парбат ќе биде избегнуван во наредните неколку години поради нападот ова лето?

„Веќе има барања за нови експедиции. Но Диамирската стена е и најверојатно ќе преостане затворена. Јужната и северната страна од планината остануваат отворени. Таму може да се оди на зимска експедиција. Северниот дел од Каракорам околу К2 немаше проблеми. Но, дознав дека над Чивас, влезот во Диамирската долина, четири автобуси беа запрени, сите мажи беа извадени и застрелани. Жените и децата биле принудани да го гледаат масакрот, па биле избрикани а автобусите запалени. На преминот Бабусар, кој води од долината Сват покрај Нанга Парбат до долината Индус, теренските возила беа запирани на сличен начин. За овие вести воопшто не се слушна во Европа. Но сега тероризмот веќе го достигна северот на Пакистан.“

– Започнавте многу проекти за помош во пределот на Нанга Парбат, вклучувајќи и три училишта. Има ли атмосфера на страв меѓу мештаните?

„Бев загрижен дека талибанските сили може да имаат интерес да ги запалат училиштата, зашто во некои од нив одеа и девојчиња. Овде, тоа не беше случај. Но јас прекинав да праќам помош за Пакистан, загрижен дека сето тоа ќе потпадне во граѓанска војна. Тоа би бил штета. Ги одржувам само проектите кои ги започнав, продолжувам да им плаќам на наставниците како што и ветив. Сепак најголемиот дел од средствата од мојата мала фондација ги префрлам во Непал.“

– Баш таму, врвниот швајцарски алпинист Ули Штек предизвика сензација искачувајќи се сам по јужната стена на Анапурна. Вашиот став кон ова дело?

„Ули Штек немаше среќа оваа година на Еверест. Нападот на Вотриот Логор не беше насочен кон него. Шерпасите сакаа да нападнат други, вистински паразити. Штек и Симон Моро не се паразити, иако тие ја користеа изфиксираната насока по ледопадот Кумбу, без да разговараат со Шерпасите или да им платат. Минатата година Ули Штек го качи Еверест по нормалната насока и тоа воопшто не беше типично за него, и не го направи својот препознатилив стил. Но она што го направи на Анапурна, повторно беше типичниот Ули Штек: качуваше брзо, качуваше ноќе за да избегне каменопади, по доста тешка стена. Претходно имаше два обиди по Јужната Стена и двапати се повлече, од кои еднаш доста драматично, зашто беше погоден од камен. Навистина имам голема почит кон ова искачување. Начинот на кој тој го направи е единствениот кој дозволува да се качи олку тешка и опасна стена во алпски стил.“

– Штек го изгуби својот дигитален фотоапарат за време на искачувањето, и нема запис на GPS. Дали мислите дека има дамка во неговото искачување зашто не е потполно документирано?

„Уште еднаш гледаме критичари кои всушност си имаат проблем со самите себе. Како што Ули Штек го опишува искачувањето, се гледа дека е апсолутно разбирливо и сеопфатно. Тој качува соло, го губи фотоапаратот и нема GPS систем. Јас не гледам причина за сомнеж ако тој не е способен за да направи такви искачување, тогаш кој друг би бил? Јасно е дека сомнежите се појавија најмногу во Швајцарија каде Ули Штек стана толку доминантен во креативноста на модерниот алпинизам и каде секако има и ривали. Тоа е човечка природа. Но да се шират гласини како „Да, можеби да, можеби не“ по интернет или да се каже тоа на новинарите, не е препрачливо за качувачите.“

-Со други зборови, Ули Штек нема потреба да кажува лаги. Дали Германскиот Алпинистички Клуб (DAV) има потреба да понуди комерцијални експедиции на Еверест како што ќе направи следната пролет со клубот за врвови при DAV?

„Германскиот Алпинистички Клуб не само што го има моето одобрување, туку и исклучително го разбирам. DAV долго време се држеше на Еверест. Но нема разлика дали подготвувам насока Еверест или Гашербрум I или Гашербрум II или Даулагири или Нанга Парбат. DAV е долго време во таа игра, нудејќи 8000 m-ски врвови кои се подготвени за масовни искачувања. Бев на Еверест оваа пролет и морав да го сменам својот став. Базниот Логор беше совршено чист, тоалетите во висинските логори беа празнети секој ден. Денес, агенциите за експедиции се толку искусни што меѓу себе си ги средуваат работите: Кој е одговорен за Вториот Логор? Кој готви таму горе? Кој ќе ги фиксира последните јажиња од Јужното Седло до врвот? Тоа е толку добро организрано што нема веќе гужви и заглавувања на групите, или би требало да речам клиентите, туристите, кои се водени до врвот еден по еден.

Зошто DAV би требало да се повлече? Тоа е најголемата возбуда. Гарантирам дека за десет години ќе бидат понудени комерцијални експедиции за сите 8000 m-ски врвови, во пролет, лето или есен во зависност каде се. Меѓународните агенции се многу, многу добри. Ако уплатите експедиција со нив ќе знаете: Ќе бидам добро снабден во базниот логор. Ќе се грижат дека сум добро аклиматизиран и ќе ми дадат добар водач. И ќе се осигураат дека јас како просечен качувач најверојатно ќе стапнам на врвот и најверојатно дека нема да исчезнам. Како и да е, ризикот не е сведен на нула.“

– Како ја оценувате изјавата на Непалската влада да постави стража од набљудувачи на базниот логор на Еверест за да бидат сигурни дека сите играат според правилата?

„Не гледам зошто би требало да ги бирократизираат планините сè повеќе и повеќе. Самите алпинисти треба да бидат во можност да одлучат што да прават или да не прават така што има доволно простор за сите на планината. А има простор за секого. Ова е доволно само по себе, традиционалните качувачи ќе одат онаму кај што другите не одат, каде што можат да качуваат сами и во свој стил. Секој стил е оправдан. Турситите го имаат освоено Монт Еверест зашто агенциите работата добро. Ако тоа го правиме во Алпите веќе 150 години, зошто би требало да го забраниме тоа на Еверест?”

Линк до интервјуто.