Менување гума на мотивационен начин

Пред вас стои Хектор Пикард, трикратен учесник во триатлонот Ironman кој тука објаснува како се менува гума на мотивационен начин. Ако не знаете како се менува, еве, тој ќе ви покаже преку неговата многу (не малку) поинаква животна приказна.

Хектор во несреќен случај на работното место завршува со неговите две раце ампутирани. И тука ништо не завршува. Од таа негова 24та година тој почнува нов живот, живот без изговори како што вели тој.

Ја основа организацијата dontStopLiving.org каде што обезебедува поддршка и помош за сите оние индивидуи кои имаат некакви пречки во животот, а воедно станува и мотивационен оратор за оваа проблематика. Според него, доколку го зграпчиш животот со напорна работа и позитивно размислување, можеш да пребродиш било што. 

Трикратниот „Железен човек“ во скоро време за хуманитарни цели извозе со неговиот велосипед низ цела Америка, поминувајќи 4900 километри за 36 дена и собра 20,000 долари за обезбедување на простетички раце за бебето Џејмисон во хуманитарната акција која ја формираше неговата организација. 

Тој му ветил на малиот Џејмисон дека ќе му покаже како се менува гума со користење на сè друго освен рацете, па тоа и го прави. 

А ако некаде во текстот застанавте и се прашавте како Хектор успеал да ги мине трите триатлони каде ако не сте запознаени има и пливање ќе погледнете нешто подолу. Хектор за ова време можеби и игра баскет!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија