Комерцијален текст
Медикус Хелп на HFW EXPO
Почитувани, од 25 до 27.09.2015 во хотел Александар Палас, Скопје, за прв пат ќе се одржи Health, Fitness & Wellness Expo, а МЕДИКУС ХЕЛП е еден од учесниците на овој настан.
Имаме чест да ве поканиме да го посетите нашиот штанд. Во рамките на настанот организираме неколку интересни активности:
– Специјални попусти на дел од производите од спортската линија за бандажирање, производи за спорт и фитнес, анатомски влошки и мемори перници.
– Бесплатна апликација на кинезитејп од страна на Дејан Ѓорѓиевски, мануелен терапевт, бовнов терапевт и НПК масер од СТУДИО АЛТЕРНАТИВА.
– Бесплатна едукација од страна на Проф. по физичко образование Кети Матиничарска и нејзиниот професионален тим од КЕТИ ФИТ, за користење на дел од производите за спорт и групни фитнес активности.
– Бесплатна презентација за превенција и корекција на рамни стапала и деформитети на ‘рбетен столб кај деца од страна на стручниот соработник од Медикус Хелп, др. Билјана Здравковска Трајанова, како и презентација за правилен раст и развој на децата низ игра од страна на стручниот тим тренери на Форца Фора.
Сметаме дека за Вас ова ќе биде добра можност да одберете и набавите она што најмногу ви одговара.
И за крај, со посета на штандот на МЕДИКУС ХЕЛП, станувате потенцијален добитник на некои од подароците наменети само за Вас.
Како ќе се одвива програмата:
25.09.2015 Петок
17:30 Големо отварање наменето за широка јавност.
19:30 Завршува предвидената програма за денот
26.09.2015 Сабота
10:00 Почеток на официјалната програма на HFWE
11:00 – 12:00 Презентација на Interact Stage – Превенција, корекција и правилен раст на децата низ игра со Др. Билјана Здравковска Трајанова од МЕДИКУС ХЕЛП и тимот на ФОРЦА ФОРА
14:00 – 15:00 Презентација на Burn Stage – Примена на дел од реквизитите од МЕДИКУС ХЕЛП наменети за пилатес со тимот на КЕТИ ФИТ
17:00 – 20:00 Бесплатна апликација на кинезитејп на штандот на МЕДИКУС ХЕЛП до страна на Дејан Ѓорѓиевски од СТУДИО АЛТЕРНАТИВА
20:00 Крај на официјалната програма
27.09.2015 Недела
10:00 Почеток на официјалната програма на HFWE
11:15 – 11:45 Презентација на Interact Stage – Почести индикации за користење на кинезитејп со Дејан Ѓорѓиевски од СТУДИО АЛТЕРНАТИВА
11:45 – 12:15 Презентација на Interact Stage – Примена на дел од реквизитите од МЕДИКУС ХЕЛП наменети за пилатес со тимот на КЕТИ ФИТ
12:00 – 15:00 Бесплатна апликација на кинезитејп на штандот на МЕДИКУС ХЕЛП до страна на Дејан Ѓорѓиевски од СТУДИО АЛТЕРНАТИВА
16:00 – 17:00 Презентација на Burn Stage – Примена на дел од реквизитите од МЕДИКУС ХЕЛП наменети за аеробик со тимот на КЕТИ ФИТ
20:00 Крај на официјалната програма
Ве очекуваме.
Со почит,
Тимот на МЕДИКУС ХЕЛП