Марко Бунтески, златно дете од кое се очекува многу во иднина

Во клубот на шампионите, КК Форца, си вежба златно дете кое со неговиот покажен квалитет, докажува дека ако продолжи со овој интензитет да работи наскоро треба да очекуваме резултати и на големите европски и светски натпреварувања.

Се работи за Марко Бунтески, кој што неколку години вежба под команда на тренерот Муарем Имери во кати. Во 2016 година малиот талент стана шампион на јакиот турнирот што се одржа во Бугарија “Никон Опен”, потоа беше втор во престижниот турнир Самобор Опен во Хрватска, истиот резултат го имаше и во државниот првенство за школи па државното првенство за млади и кадети, и трети беше во Коња, Турција. Најважниот медал го освои во Балканското првенство во Белград, Србија за пионери (бронза). Истиот се појави и на Балканското првенство во Сараево за кадети, но завршил петти и покрај тоа што може да се каже дека во полуфиналето беше сериозно оштетен од страна на судиите во дуелот со противникот од Турција.

Мора да спомнеме дека Бунтенски цела година се мачеше со повреди што истите влијаеле и на тренинзите а и на самите настапи, но златното дете понекогаш ги стегнеше забите и доаѓаше до резултати што и не се лоши за негова возраст. “Реално за Балканското првенство и во Самобор настапував со сериозни повреди кои ми влијае и на самите тренинзи и на самите настап, меѓутоа самата желба за резултат и пласман на европско првенсто ме натераа да се борам спортски до крај. За жал ова година не успеав, али се надевам дека во наредниот период со малку спортска среќа на многу повисок резултати, изјави Марко Бунтески.

Тој во продолжение му се заблагодари и на неговиот тренер за поддршката. “Со мојот тренер Муарем Имери вежбаме специјални тренинзи и сум многу заблагодарен што ми дава подржка. Од друга страна имам многу поддржка и од моето семејство кое ме следи каде и да се појавам по натпревари. Се надевам дека со резултати јас ќе им се заблагодарувам”, рече Бунтески.