Марјан Бонев прв на Rats-Runners Walldorf/Werra
Македонскиот натпреварувач во планинско трчање и трки со препреки Марјан Бонев продолжува со одличните резултати во Европа.
На втората трка со препреки од серијал составен од пет трки во лига организирана од Rats-Runners, овој викенд во градот Валдорф, победник на подолгата дистанца беше македонскиот натпреварувач Марјан Бонев .
Во конкуренција од 300+ учесници, поточно во 50тина колку што беа пријавени на трката од 20 километри Бонев имаше најдобро време од 1:48:02, a интересен е податокот што нашиот натпреварувач два пати имаше подобро време на идентичните 10 километарски кругови од сите останати други натпреварувачи, вклучувајќи ги и оние од пократката трка.
„Препреките беа прилично едноставни и лесни, па така немаше удел економијата на поминување препреки, туку главно техника на планинско трчање / одење по многу стрмен калив терен нагоре и надоле, каде што на места беа поставени и јажиња поради лизгање. Следната недела е Европското првенство во трки со препреки во Холандија” – вели Бонев.