MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS 2013

Наслов

Мариово офф-роуд авантура 2013

Погледнете како си поминавме на ланската велосипедска тура во Мариово, низ неколку фотографии и едно видео клипче.

Турата беше организирана во два дена. Првиот ден беше резервиран за пристигнување (нè имаше од повеќе градови од државата) и местење на камп,  а вечерта ја поминавме во добра забава со скара, пиво, музика...

 Кампот... кој со вреќа во шатор, кој во кола...

Наредниот ден беа организирани две тури, едната повеќе рекреативна, другата за поспремните по поекстремен и живописен терен.

На крај, двете тури завршија во дворот на локалниот манастир каде им беше послужено гравче на сите учесници.

Видео клипчето:

Летечка Камера: Hoover Production / Александар Колов

За сите заинтересирани, оваа година повторно ќе се организира истата тура, информации на следниов ЛИНК како и на К4Т.

11 Јануари 2014

За авторот