Да помогнеме на настраданите од поплавите

Овој викенд скопскиот и тетовскиот регион го зафати невреме од огромни размери кое досега однесе 21 живот, направи непроценлива штета и остави илјадници семеjства во сериозно загрозена ситуација. Ги молиме сите оние кои имаа можност да донираат основни работи кои сега се најпотребни за настраданите тоа да го направат на следните пунктови во Скопје или директно да се вклучат во помошта на настраданите подрачја. 

Покрај овие пунктови, отворен е и телефонскиот број 143400 (за сите мрежи) преку кој се донираат 100 денари за Црвен Крст. Граѓаните кои сакаат да се вклучат во акциите за чистење на теренот, може да се пријават во општината Гази Баба на телефонскиот број 02/322-6655. 

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли:

конзервирана храна,
бебешка храна и пелени,
вода за пиење,
средства за хигиена,
средства за дезинфекција.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Денес, 8 август 2016 е прогласен за ден на жалост во Македонија. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија