Мама јога

Пред две години се појавува фотографијата на мајка која го дои своето дете додека прави јога поза, а фотографијата тера вирално на нет. Овој месец, мајката одлучи да се отвори и да одговори на милионите прашања и претпоставки за тоа дали фотографијата е вистинска, а има и бонус. 

Поминаа две години откако се појави фотографијата на која целосно гола мајка го дои своето дете додека прави јога. Од тогаш, никој се нема изјаснето која е всушност таа и дали фотографијата е вистинска. Овој месец мајката проговори.

Таа се вика Ејми од блогот Daughter of the Sun, а ќеркичката се вика Наја. И во разговор со редакцијата на babycenter.blog таа појаснува дека сликата не е некаква монтажа, и дека таа не виси од дрвото како што се споменуваше во многу коментари.

Еве ја приказната позади фотографијата на кратко:

Тие живеат на Хаваи, а таму облеката е опционална, а јогата е задолжителна. И ситуацијата била сосема природна. Додека мама правела јога, гола во својот двор, тато ја донел Наја да си поигра, а малава не можела да одолее малку да цицне, онака инстинктивно. И тато направил чкрап.

Тие живеат едноставен живот, а отсекогаш биле конектирани со природата, па така лесно ја пренесуваат љубовта кон земјата на нивните најмили. А и учат јога од мали нозе.

Еве дел од Инстаграм фотографиите на Ејми за нивниот едноставно едноставен живот

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија