Македонци ги стопија шипките во Ваљево и се закитија со 26 медали

Македонскиот Street Workout тим составен од тимовите Bar Gravity, Raise up bars и Bar Gladiators се врати со полн плен од првиот меѓународен Street Workout натпревар кој се одржа во Србија, Ваљево на 19.07.2015. 

На натпреварот учествуваа натпреварувачи од Србија, Босна и Македонија. Нашите претставници освоија вкупно 26 медали, од кои 8 први места, 10 втори и 8 трети места во категориите: слободен стил, мuscle ups, повторување на вратило, разбој, склекови, стомачни на коса клупа.

Македонскиот тим во состав – Борис Јаневски, Милан Петковски, Роберт Ангеловски, Гордан Крстиќ, Александар Вељановски, Даниел Митковски, Даниел Каранфиловски, Антонио Димовски, Даријан Стојановски.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија