Македонскиот кану слалом тим на натпревар во Германија

Македонските претставници на Европското првенство во кану слалом во Марклеберг – Германија освоија солидни резултати. Атанас Николовски 22 место, Љубомир Спасиќ 31 место и  Огнен Бражански 32 место. Со оглед дека на ЕП учествуваа 32 држави со по неколку натпреварувачи, нашиот тим ги исполни очекувањата со оглед на тоа дека Николовски после 3 години се врати на европската и светската кајакарска сцена.

Ова беше прво негово натпреварување после 3 години од ваков карактер, па земајќи го тоа во предвид Николовски е задоволен од резултатот и возењето на трката.

Следни натпревари кои следат се двата светски купа, првиот во Краков 27ми и 28ми јуни а вториот во Микулас на 04-05 јули на кој ќе настапи Атанас Николовски, очекувањата се да извози два добри натпревари а секако цел оваа година е светското првенство во Лондон во Септември кое е изборно за ОИ за Рио 2016

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија