Македонската Кик Бокс елита на Европскиот куп ,,Белград Опен “

Кик Боксинг Федерацијата на Македонија Ве известува дека Македонската Кик Бокс Репрезентација ќе земе учество на Европскиот куп ,,Белград Опен ” –Србија од 28.02-3.03.2014 година.

Европскиот куп ќе се одвива во кик лајт и К 1 дисциплините од кик бокс спортот.

Македонија ќе ја претставуваат следните кик боксери и стручниот тим:

Димитар Георгиев -79кг кик лајт

Мики Ивановски -74кг К1

Арџент Узеири -67кг К1

Стручниот тим ќе го предводи претседателот на КБФМ Александра Неделковска, селекторот Дејан Митровски и тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски.

Репрезентативците кои ќе не претставуваат на овој Европски куп се одлично подготвени и од нив се очекуваат високи резултати со оглед на тоа дека сите се искусни и докажани во своите дисциплини.