Наслов

Македонската БЏЏ репрезентација со 10 медали на Србија БЏЏ Опен 2013

На силниот турнир во бразилска џиу џица, Serbia BJJ Open 2013 кој се одржа овој викенд во Белград, македонските претставници се покажаа во најсилно светло, освојувајќи 10 медали во различни категории од огромната конкуренција на над 260 натпреварувачи.

Нашата репрезентација во бразилска џиу џица „The Strongest & Roots BJJ Macedonia“ оваа сабота настапи на силниот турнир во Serbia BJJ Open 2013, покрај повеќе од 260 натпреварувачи од Србија, Хрватска, Црна Гора, Грција, Германија, Полска, Чешка, Данска, Унгарија, Русија, Бугарија, Австрија и Албанија. 

Екипата која е составена од наптреварувачи од  македонските клубови, официјални членки на Федерацијата на Р. Македонија во Бразилска џиу џица, под водство на селекторот Ивица Алексовски освоија 10 медали во различни категории и сјајно ја претставија македонската БЏЏ сцена. 

Три златни медали освоија Менка Стојаноска, Давид Ровчанин и Бојан Христовски во нивните тежински категории, три сребрени освоија Селма Биберовиќ, Никола Костадиновски и Александар Заткоски, а бронза освоија Бојан Диков и Стефан Митров, а исто така и Менка Стојаноска и Слема Биберович, но во апсолутна категорија.

Турнирот се одржуваше оваа сабота, а организатор беше Српската федерација за БЏЏ на чело со црниот појас од Србија, Јован Жерјал.

20 Октомври 2013

За авторот