Македонска експедиција за прв пат на „Јадрански Игри“

На 11.09.2014 година директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и директорот на СЦ Борис Трајковски Златко Перински ги испратија македонските претставници кои земаа прво учество на „Јадранските игри“ и им посакаа успешен дебитански настап со искрени желби македонскиот тим да се врати со едно од првите места.

Под водство на Борче Боев – ССФМ, Македонија ја претставуваа успешни и веќе докажани спортисти во нашата држава и светот.

Тимот кој ја претставуваше Македонија беше во следниот состав:

  • Атанас Николовски (капитен) – кајак
  • Петар Стојановски (заменик капитен) – гимнастика
  • Кети Матеничарска – ритмичка гимнастика
  • Стефани Тодорова – кик бокс
  • Маја Ангеловска – фудбал
  • Ердал Љушо – едрење
  • Димитар Ѓеорѓиев – кикбокс
  • Сашко Димов – гимнастика
  • Орце Наумовски – гиманстика
  • Никола Станковски – џудо и гимнастика

Македонија за прв пат беше учесник на овој голем настан. Тимот од Македонија се натпреваруваше со искусните натпреварувачи од останите земји учесници и го освои петтото место. Резултатот што го постигнаа е од големо значење за целиот тим, кој следната година со поголемо искуство ветува дека Македонија ќе биде меѓу првите три места.

Сите наши натреварувачи искажаа голема благодарност што Македонија имаше можност достоинствено да се претстави на овие „Јадрански игри“. Организацијата од страна на Агецијата за млади и спорт и ССФМ беше беспрекорно добра, а нашите натреварувачи со задоволство изразија благодарност што се одбрани да учествуваат како претставници од Македонија.

„Јадранските игри“ се проект кој се одвива во текот на летото со цел збогатување на спортско-туристичката понуда. Програмата се состои од тим, што ја претставува државата во традиционалните дисциплини на Јадранското Море.

Оддржувањето на проектот во првата и втората година наиде на големо одушевување кај публиката, со што третата и четвртата година, овој проект на Јадранот ги исполни сите очекувања и целосно ја оправда титулата како најмасовен настан и најгледано ТВ-шоу во летото во регионот.

Петтото издание на „Јадранските игри“ успеа да собере над 2.000 учесници од речиси 200 локации. Спортистите со турнејата посетија 36 локации по должината на Јадранскиот брег. Финалето оваа година се одржа традиционално во Биоград, Хрватска, а новина оваа година претставуваше и учеството Македонија и Босна и Херцеговина.

Од организаторите со големо задоволство се најавуваше овогодинешниот настап на Македонија и БиХ каде очекуваа искуството од настапот да го пренесат во своите држави. Оваа година покрај Македонија и Бих, учество земаат домаќинот Хрватска, Црна Гора, Словенија и Италија.

Голема заинтересираност за „Јадранските игри“ пројавија и други држави, па се очекува од следната година да се прошират игрите со нивно учество. Голем број од медиумите од регионот вршеа директен пренос од настанот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија