Македонија на Зимските младински игри Лилехамер 2016

Во периодот од 12-21 Февруари 2016 година во Лилехамер, Норвешка, ќе се одржат Вторите зимски младински олимписки игри. На програмата ќе бидат застапени 15 зимски олимписки дисциплини.

Република Македонија ќе учествува со делегација на Македонскиот олимписки комитет во состав:

  • Ставре Јада – крос кантри
  • Лука Божиновски – алпско скијање
  • Роберт Божиновски – тренер, алпско скијање
  • Ѓоко Динески – тренер, крос кантри,

Лука Божиновски ќе се натпреварува во сите дисциплини во алпско скијање, додека Ставре Јада ќе се натпреварува во дисциплините спринт и класично.

Македонското знаме на церемонијата на отворање на игрите ќе го носи Ставре Јада, а Лука Божиновски ќе го носи на церемонијата на затворање на игрите.

Изјавите на нашите спортисти и селекторот Динески, можете да ги проследите на следните линкови:

 – Ставре Јада

– Лука Божиновски

– Ѓоко Динески

На МОИ Лилехамер 2016 ќе се организираат работилници, каде ќе учествуваат младите олимпијци заедно со олимписките и спортските легенди меѓу кои ќе биде и светскиот и олимписки шампион Линдзи Вон.

На Првите зимски младински олимписки игри кои се одржаа во Инсбрук пред 4 години учествуваа 69 земји, а на МОИ Лилехамер 2016 ќе учествуваат 71 земја.

МОИ Лилехамер 2016 ќе може да ги следите на линкот:  1.    2.