Македонија горда: Поп Ацев е победник на Охрискиот пливачки маратон

Евгениј Поп Ацев се закити со ловоров венец на Охридскиот маратон со што стана прв Македонец во машка категорија со оваа титула.

Охридски пливачки маратон е меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. кое се одржува еднаш годишно во водите на Охридското Езеро во Македонија. Патеката „Климе Савин” е долга 30 км, со старт од манастирот „Свети Наум” до Градското пристаниште во Охрид. Маратонот претставува дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација.

На овогодинешното издание 29 издание Поп Ацев финишираше со време од 5 часа 39 минути и 42 секунди, само 6 секунди по него е Матеус Евангелиста, Бразил, и 6 секунди подоцна нашиот Томе Стефановски.

“Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен, се надевав годинава на победа. Последните километри од трката видов дека имам шанси, така што ја сменив тактиката и успеав да го направам она што го пропуштив лани” – изјави Поп Ацев.

Во женска категорија златото го освои Ализ Франко од Италија со време од 5 часа 44 минути и 3 секунди, 14 минути по неа и сребро за Ана Манкевич од Русија и бронза за Ештер Морера Нуњез од Шпанија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија