Мадона + јога = вога

Со векови, древната источна практика во нејзин карактеристично послушен и спокоен стил чекаше за да некој во 21ви век ја искомбинира со начин на танцување што го популаризираше Мадона. Да ве запознаеме со вога.

Вога е фузија на сосема мало делче од јогата т.е. асаните односно различните позиции на телото кои што имаат одредена намена во оваа практика како и синхронизираното дишење додека тие се изведуваат заедно со voguing (вогирање?), стил на танцување започнат во 1980тите, а популаризиран од Мадона преку спотот за песната “Vogue” од 1990тата година.

 

Според креаторот на вога, Јулиет Мјуриел, која сакала да внесе кардио во јогата (нешто што сосема се коси со самата практика), ја опишува вога како комбинација од експресивни движења на час по танцување заедно со движењето синхронизирано со дишење од јогата.

Моментално, вогата станува растечки фитнес тренд во Британија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија