Лонг борд = Лонг лајф, Интервју со Зоки Бејбе

Урбано Скопје го сочинуваат урбаните фаци што секојдневно се движат низ него. Оваа култура се градела и ќе се гради сè додека луѓето си се држат до својата уникатна природа. Една таква фаца е Зоки Поплава ака Бејбе кој покрај тоа што е познат по музиката што ја пушта, стана препознатлив и по тоа што шири нова култура за превоз низ градот, со лонгборд…

K4T – ЛОНГ БОРД = ЛОНГ ЛАЈФ
Зоки – Би рекол Happy Life. Лонгбордот те тера да бидеш дeте. Тој ги руши предрасудите за тоа како еден човек треба да се однесува, движи и слично над 40-сетата година. Јас имам лајфстајл кој содејствува со мојот животен избор, музиката. Кај мене сè мора да оди флуентно, емотивно, забавно и полетно како младоста. Како инаку би бил забавен и речиси “врсник” на мојата публика на подиумот која е дупло помлада од мене. Лонгбордот за мене е долга младост, загарантирано! 🙂


K4T – Се сеќаваш ли на почетоците и на тоа кој го зарола прв лонг бордот низ Скопје?

Зоки – Немам идеја. Но знам дека момчето се вика Петар. Со скејтерите сум другар и пуштам музика на нивните настапи, што ме прави среќен. Еден ден баш кога не ми беше ден во парк дошета лонгбордот до мене. Петар рече: „Бебо да не сакаш да го купиш, пробај го!” Љубовта меѓу мене и мојот борд е на прв поглед. Бидејќи јас имам нуклеарен селф промоторски маркетинг (се смее) нормално беше лонгбордот да се поистоветува со мене. Не ми е сефте, и со хаус музиката беше релативно слично (сега веќе урла од смеење).

K4T – Каква е моменталната ситуација со лонг бордот воопшто во МК?
Зоки – Среќен сум што запознавам луѓе од различни генерации со лонгборд, а и другарчињата од бендот кој го сакам највеќе „The John” сите имаат бордови.


K4T – Каква е разликата од обичниот скирол?

Зоки – Скиролот е светиња. Тоа бара вештина, храброст, мудрост и посветеност. Скејтерите се што прават без скејтот е само време поминато до следното возење. Имам огромен респект за овие деца и за пионерите што веќе се возрасни луѓе и кои се вистинските урбани легенди и симболи на градот.

K4T – Дали е ефикасен во транспортот и во горењето калории?
Зоки – Скопје се гради насекаде и градежниот шут е насекаде. Најголем непријател на бордот се камчињата. Се искршив два пати и сега можам да видам камчиња на Скопска Црна Гора дур возам на булеварот Климент Охридски. (се смее) 

K4T – Скопје како град за лонг борд, позитиви и негативи?
Зоки – Нема поубав град за крузирање со лонгборд. Но пред сè, лонгбордот служи и за спустови. Водно е измислено, но заштитната опрема е задолжителна. Сакам да го видам Скопје со иљадници бордери. Особено ги сакам девојките на борд. Тие се како украси и го прават летото во секој град како да си во Калифорнија.

Најпрекрасно е што пешаците се насмевнуваат и некако им е убаво или пак само им е пресмешно. Како и да е, мојата вожња ги прави луѓето среќни исто како и музиката!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија