Летечките будали и вратата на небото

Пред неколку дена Французите Фред Фуген и Винс Руфет успеаја да комплетираат еден од најтешките „вингсут” (костим за летање) предизвици кои воопшто постојат – слетување директно во авион – кој секако дека лета. За да биде приказната уште поинтересна, тие не се првите на кои ова им успева. 

Скокот од планината Јунгфрау во швајцарските Алпи, овие двајца француски екстремни спортисти кои летаат под името Soul Flyers, го зачинија со сериозно маневрирање и милиметарски точно слетување директно во отворената врата на малото авионче марка Пилатус Портер.  

На предизвикот му претходеше околу 100 тест и тренинг летови во Шпанија, а за да имаат доволно долг лет тие мораа да скокнат од височина на 4062 м.н.в. Пилотите се Фил Бувиер и Јивес Роси. 

Нивното успешно скокање т.е. слетување во авионот го посветуваат на еден од пионерите во екстремното летање – Французинот Патрик де Гајардон кој прв успеа да се врати во кабината на авионот од кој штотуку скокнал во 1997 година. 

Видео 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија