Наслов

Лепеше Ленка германска лепенка

Со оглед на денешната технологија на правење фудбалски топки, каде се нема „ш“ од шиење со игла и конец, Ленките на Кочо ги модификувавме во лепенки. Во овој случај, тие водат потекло од Пакистан, лепат една топка за германска фирма со која ќе се игра на бразилското Светско првенство.

Кога за прв пат ја осетил моќта на фудбалот на едно Светското првенство, во 2006 година во Германија, сопственикот на една пакистанска фабрика за топки започнал да сонува токму неговата фабрика да биде таа што ќе ги произведува округлите есенции за вакви големи турнири.  

Каваја Актар, CEO на Forward Sports. Неговата фабрика шие топки за Бундеслигата, Француската национална лига и за Лигата на Шампионите.

Оваа година на Каваја Актар му се исполни желбата, неговата фабрика го доби тендерот за произведување на Бразука, топката со која ќе се игра овогодинашното Светско, ама има само 33 дена за да ја исполни. 

Производна линија во фабриката за производство на Бразуката

Вработена ги класифицира панелите од кои се изработува надворешниот слој на топката

Лепење на Бразуката

Прегледување за некакви неправилности

Фенирање

Проверка на округлоста

Проверка на квалитет

Финални проверки

На рафт

Проверка од професионалци

Извор: Ројтерс 

21 Мај 2014

За авторот