Бајк спајкс

А ланци имаш?

Раат да си кога ќе падне нареден снег и кога се` ќе се окова во мраз, ем за твое уживање при возењето низ град, ем за пред институциите. Брзо и едноставно местење и градскиот велосипед ви се претвора во зимско чудовиште.

Можеби најдоброто решение за проблемот „потешкотии со возење велосипед во снежни услови“ доаѓа од Цезар ван Ронген, нормално Холанѓанец кој го има измислено системот „Ланци за велосипед“ (Bike Spikes) – во буквален превод „шилци“ за велосипед.

Иако производот е се` уште во прототип верзија и чека некоја ентузијастички расположена фирма или поединец да му помогне ова парче опрема да почне масовно да се произведува тоа изгледа многу едноставно и пред се` ефикасно за намената за која е измислено.

Изработено е од шест флексибилни парчиња во облик на дел од тркалото меѓусебно споени со жица и истите многу лесно се местат и затегнуваат на тркалото. Парчињата на себе имаат мали крампони кои делуваат многу ефикасно кога велосипедот е на мраз или снег.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија