Текстот е превземен од ФБ страницата на БОДИБИЛДИНГ И ФИТНЕС ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

Курс за бодибилдинг и фитнес инструктори

Известување. Курсот за бодибилдинг и фитнес инструктори со кои се добива соодветна лиценца, во организација на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, признат и подржан од страна на светската бодибилдинг и фитнес федерација (IFBB) и Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија, стартува на 21 Јануари 2017 година, со теоретската настава.

Самиот курс се состои од 120 часа од кои 60 теоретски и 60 практичен дел. На крајот од наставата има полагање испит пред стручна комисија. Сите кандидати кои ќе го положат испитот се здобиваат со лиценца за бодибилдинг и фитнес инструктор, единствен легитимен документ од таа област во Македонија.

Сите заинтересирани своите пријави или прашања можат да ги упатат на следнава електронска адреса: [email protected].

Пријавите се примаат до 16 Јануари 2017 година.
Среќни празници !!!
bbffm.mk #bbffmofficials

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија