Крушата под круша паѓа

Како што ние народски си го кажуваме, целиот плукнат на татко му. Еве неколку спортско плукнати примери.

Веројатно најпознатата спортско фамилијарна комбинација татко-син е Џо и Коби Брајант. Таткото Џо играше центар во НБА во периодот од 1975-1983 година настапувајќи во 606 натпревари и постигнувајќи 5.252 поени и 2.441 скока. Во моментот си тера вториот мандат како тренер на Лос Ангелес Спаркс во WNBA. Неговиот наследник Коби штотуку ја заврши шеснаесеттата  сезона во Лос Ангелес Лејкерс. Благодарение токму на извонредниот талент на Коби, Лејкерси станаа династија освојувајќи го по петти пат НБА шампионатот.

За Мухамед не треба претставување, но импресивни се и резултатите на неговата ќерка Лајла која важи за една од најдобрите женски боксери на сите времиња стигнувајќи до 24 победи пред да се пензионира во 2007 година.

Таткото Арчи играше за Њу Орлеанс Сеинтс во 13 NFL сезони, но без разлика на фактот не може да се пофали со некои подобри спортски резултати. За среќа сите негови пропусти добри се надоместени од неговите синови. Пејтон е еден од најдобрите квотербекови на американскиот фудбал, а Ели е двократен победник на Супербол.

И таткото и синот се закачија на ѕидот на славните во хокејот. Боби е познат по неговиот инзвонреден slapshot удар, а Брет е единствениот играч после Вејн Гретски кој успеал повеќе од еднаш во неговата кариера да постигне 50 гола во 50 натпревари.

Ренди е неверојатен ултимејт фајтер кој го има освоено UFC 13 турнирот во тешка категорија а продолжи да се натпреварува и после 40-тата година. Неговиот син Рајан се труди да ги постигне резултатите на својот татко, иако тоа тешко се постигнува.