Коњичкa пензија

Кауто Стар, легендарниот тркачки коњ со најмногу победи се пензионираше на старост од 12 години. Кауто влезе во историјата откако минатата година по петти пат ја освои трката King George VI. Тој е единствениот коњ кој два пати триумфираше на Светскиот Куп во Челтенхем и кој на своите сопственици им заработи околу 2 милиони фунти.

Сумата не е мала па џокејот кој најмногу настапувал со Кауто,  Руби Велш вели дека ваков коњ е рамен на фудбалска ѕвезда. Најверојатно инспирацијата за една ваква споредба Велш ја наоѓа во фактот што освен шестоцифрените суми од вкупно 41 трка на која има учествувано, во 23 Кауто го има освоено првото место. 

Кауто Стар беше трениран од Пол Николс и повеќе од седум години се тркаше во Велика Британија. Неговиот сопственик Клајв Смит, изјави дека најверојатно ќе остане со неговиот тренер во Сомерсет до крајот на годината, пред да се пресели на нова локација каде ќе си ги тера пензионерските денови.