Колорадо скијање и канабис

Прашањето за кое што сега се чешаат властите на Колорадо е: што привлече толку поголем број на туристи за скијачката 2013/14 сезона во нивните ски ресорти, тоа што падна многу снег или легализацијата на канабис?

 

Во изминатава ски сезона низ скијачките центри во Колорадо се појавиле повеќе од 12,6 милиони скијачи, досегашен годишен рекорд со повеќе од 10 проценти од изминатата сезона и за повеќе од 8 проценти од петгодишниот просек во претходните сезони.

Според статистиката на националната скијачка асоцијација пак, останатите ски центри низ САД имале 700,000 посети помалку однодно 1,3 проценти помалку од просечното.

Сега не се знае што е главната причина за овој скок во посетите, силната зима која донесе многу снег на планините или легализацијата на марихуаната која што се воведе некаде со почетокот на сезоната.

Аналитичарите велат дека наверојатно ова се должи на синергичното делување на овие два фактори.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија