Започна сезоната во Патагонија

Колин Хејли и Сара Харт со нова насока во Патагонија

Колин Хејли и Сара Харт направија прво искачување на иглата Волонки, до самиот врв, а тоа го сторија по првенствена насока.

Американскиот Алпинист Колин Хејли (Colin Haley) заедно со Канаѓанката Сара Харт (Sarah Hart) искачија нова насока на иглата Волонки (Aguja Volonqui, 2200 m) и ја нарекоа „El Lobito”, со должина од 400 m, АI4+, M5, A0. Иглата Волонки е највисоката од четирите врва на гребенот, кој тргнува на север од Сери Ринкон (Cerro Rincón).

Во декември 1976 за само два метра до врвот не стигна анлиската наврска Алан Раус (Alan Rouse) и Раб Карингтон (Rab Carrington). По искачувањето на источната стена и јужниот гребен тие стигнале до дваметарска ледена печурка, за која сметале дека е доста нестабилна за да ја качат, и се упатиле кон повлекување. Им биле потребни 20 абзела за да се спуштат.

Хејли и Харт направија прво искачување до самиот врв, но по нова насока, веднаш лево од источниот гребен. Тиа ги качија насока во мраз и комбинација со малку снежни стрмнини. Клучниот дел е во последниот цуг (М5), каде поминале со едно движење А0 – потегнување на френд, и потоа веднаш на гребенот на само 10 m хоризонтално од карпата на врвот.

Хејли и Харт се спуштиле по насоката „Карингтон-Раус“ со комбинација од абзелување и слободно симнување. Името на насоката „El Lobito“ се однесува на едно од многуте, премногу кучиња во Ел Шалтен (El Chaltén). Лобито е едно куче кое еднаш е многу пријателски расположено, а потоа може силно да нападне.