Која е вашата роденденска традиција?

Накратко раскажано – Одбираш некоја интересна и возбудлива локална авантура која можеш да ја правиш на секој твој нареден роденден и можеби после 30 години (а може и порано) ќе го имаш ставот на Бил Вајлд дека после 37 години живот во Џексон Хол, тој има 21 година. 

Вајлд Бил е постаро типче кое во неговата заплеткана животна турбуленција решил да направи една интересна традиција од својот роденден. Секој февруари тој оди во ски центарот Џексон Хол каде што блиску живее и го скија екстремниот кулоар S&S – еден од поинтересните и сериозни линии во центарот кој започнува со неколкуметарски скок како пристап. 

Во февруари 2016 година т.е. минатата тој го направи своето 30-то традиционално пуштање, па момциве решиле да документираат нешто повеќе за неговата интересна традиција, но и за неговата духовност, расположеност и став кон животот. 

Ако веќе си ја одбравте вашата следна роденденска традиција, предлагаме да ја погледнете и ОВАА мудра снежна приказна, за да ви тргне годината… 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија