Кој ќе биде дел од првиот тим на Gibbon Slacklines Macedonia?

Sport Inn и Gibbon Slacklines Macedonia ве канат во нова outdoor авантура. Овој пат уште позабавна – Првата Gibbon Slacklines академија!

Сите активни (но и неактивни, полни потенцијал и желба) млади и харизматични авантуристи, желни за нови андреналински авантури и тимски напредок, може да бидат потенцијални слеклајнери. Ние ќе ви ја обезбебедиме потребната опрема и тренинзи бесплатно, а ваше е да се изборите за највисокото ниво на првата slackline академија – MASTER! (Најамбициозните можат да пробаат да достигнат и ниво на PRO ATHLETE).

Пријавувањето е отворено за сите оние кои се доволно мотивирани и доследни да се посветат на првата забавна спортска академија. Пред да започнеме со тренинзи, организираме квалификациски ден на 04.03.2017, во Градскиот парк, на кој сите пријавени учесници ќе може да ги испробаат нашите слеклајни. Претходно искуство со екстремни спортови не е неопходно, бидејќи ова е комлетно нова дисциплина кај нас. Подеднаков потенцијал за постанување слеклајнер поседуваат и искусните спортисти, како и секој оној кој е отворен за учење нови вежби и трикови.

Најдоброто во слеклајн академијата е тоа што опцијата за да станете дел од првите слеклајнери во Македонија е отворена, односно може да имаме еден или повеќе победници, а вие одлучувате дали и колку ќе бидете мотивирани за да издржите до крајот на академијата и да се покажете и докажете со своите новонаучени вештини.
Во текот на академијата секој од учесниците има можност за себе-промоција на социјалните мрежи и може да си создаде своја група на поддржувачи, навивачи и публика која ќе го следи и понатаму на неговиот Slackline пат во Македонија, но и надвор од нашите граници.

Победникот или пак победниците, зависно од постигнатиот успех на академијата, можат да добијат понуда за потпишување договор со Sport Inn за промоција на брендот преку најразлични настани и активности, да станат дел од интернационалната Слеклајн заедница, како и да им бидат овозможени патувања до најблиските slackline натпревари.

Ваше е само да ги освоите слеклајн лентите и нашите симпатии.
Секој почеток е тежок и ризичен, но ова е почеток кој носи многу забава, адреналин и возбуда, бидејќи сепак е новиот предизвик во градот, а вие ќе бидете ПРВИТЕ кои го испробале.

Пријавете се на првата слеклајн академија во Македонија ТУКА, најдоцна до 03.03.2017 и станете дел од првиот македонски слеклајн тим, спонзориран од Gibbon Slacklines Macedonia.

Дознајте повеќе за оваа нова авантура во градот на овој ЛИНК.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија