Околу спортската традиција на „Боксинг Деј“

Еден ден по католичкиот Божиќ, луѓето со оваа вероисповед го слават т.н. „Боксинг Деј“ (Boxing Day). Иако тие скоро и да немаат поима зошто го слават, во едно се сигурни. На овој датум се игра многу фудбал!

Боксинг Деј стандардно се паѓа на 26ти декември, односно на денот после католичкиот Божиќ. Во различни земји празникот се нарекува со различни имиња, а многу од луѓето па и историчарите искрено немаат конкретен одговор зошто луѓето го слават овој празник.

Според некои сознанија празникот настанал затоа што луѓето од Британија и Ирска биле многу алчни, па не им било доста славењето само на Божиќ и си измислиле уште еден празник кој ќе се одржува нареднот ден каде тие ќе можат додатно да се пијанчат на домашните трпези и излежаваат во семејна атмосфера.

Инаку, доколку празникот се падне во викенд термин, властите се погрижуваат тој празник да се „одработи“ за време на работната недела, со што правилно ќе се испочитува празникот.

Она што е уште поважно, особено за Британците, е тоа што на овој ден се играат еден куп натпревари во различни спортови. Не може да славиш Боксинг деј, а да нема фудбал на ТВ или на „градски“. Тоа е незамисливо!

На островот, иако сите други одмараат, спортистите ‘рмбаат, поради фактот што некој треба да биде забавуван. Затоа на Боксинг деј се одржуваа фул репертоар на англиската, шкотската и ирската Премиер лига, како и на помалите дивизии, но и на останатите спортови како рагби, јавање, хокеј (во други држави) итн.

Во минатото натпреварите кои се играле на овој празник биле така распоредени да се сретнуваат воглавно градските ривали и клубови, со што би се избегнало големо патување на навивачите за време на празник. 

И за сета оваа ареа на спортско-кладилничарски настани кои се одржуваат за време на овој празник треба да им се заблагодариме на двата најстари фудбалски тима во светот. На Boxing Day во 1860 година во Англија бил одигран првиот фудбалски натпревар помеѓу двата најстари тима Sheffield F.C. и Hallam во првото Шефилдско дерби со што била поставена традицијата да се играат натпревари токму на овој ден.

Шефилд тепале со 2:0 иако играле со црвен картон.

Тука ќе ги најдете сите двојки од Премиер лигата кои се закажани за овој 26ти декември, па и за наредниот викнед и уживајте во празничните спортски гозби..

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија