Кои се шансите да те акне метеорит додека си на падобран?

Како да немаше доволно опасности во аеро спортовите како падобранство и скај дајвинг, па ајде да ставиме дека може да те удри и метеорит. Типот со сигурност е среќлија затоа што остана промашен, а според шансите, и голем баксуз што се најде баш на тоа место во еден “бескраен” простор.

Норвежанецот Андрес Хелструп на камера го има фатено најневеројатниот момент во историјата на сите овие екстремни спортови каде што човек слободно паѓа од небото. 

Во видеото, тој скока од мало авионче некаде во Норвешка и лета со костум за по одредено време да го отвори падобранот, а неговите две камери на кацигата да фатат метеорит кој паѓа со приближно 300 км/ч што поминува оддалечен на метар од него.

Геологот Ханс Амундсен вели дека ова е прв пат еден метеорит да биде снимен од воздух отако неговата светлина ќе исчезне. 

Најдовме некои факти кои објаснуваат нешто повеќе за природата на настанов: 

Кога метеоритот влегува во земјината атмосфера тој успорува од фрикцијата со воздухот и последователно започнува да согорува што го прави за кратко визибилен преку ден и ноќ. Кога светлината ја снемува,  метеоритот влегува во т.н. “темна фаза” каде што дополнително успорува, но сега веќе не лета под агол, туку паѓа слободно кон земјата. 

Ова е моментот кој што е фатен на видеото од страна на Андрес. 

Некој тука се позамарал со математиката (иако и тој вели дека може да не му е точна), и резултатите за шансите ова да се случи некому се следни: 7,32 x 1014 проценти дека може да помине некој метеорит покрај вас додека паѓате во воздух.

Андрес е дефинитивно најреткиот среќлија на годинава. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија