Фит Фаци што сакаат предизвик

Инспирирани, посветени и истрајни, некои дојдени за дружба и забава, додека други за да ги испробаат своите можности како дел од тимот, но и индивидуално. До сега се покажаа како супер херои, а им останува уште многу малку да избуткаат до целта. Најистрајните од овие фацки, собрани во најсилниот тим ќе триумфираат на финалето што ги очекува… Па да видиме до каде се за сега…


ГЛАДИЈАТОРИ

Викторија Трајковска

1. Два збора за тебе?
– Строга. Брза.
2. Што е предизвикот тука за Викторија?
– Вреќата!
3. Чоколадо или банана?
– Уффф, Чоколадоооо!

Цветан Нацев

1. Два збора за тебе?
– Весел. Енергичен.
2. Што е предизвикот тука за Цветан?
– Склековите!
3. Омилена храна?
– Овошје!

Марија Ончева

1. Два збора за тебе?
– Забавна. Мирна.
2. Што е предизвикот тука за Марија?
– Пуш апс!
3. Пуканки или Чипс?
– Ммм чипссс!


ФЕНИКС

Атина Стевоска

1. Два збора за тебе?
– Импулсивна. Експлозивна.
2. Што е предизвикот тука за Атина?
– Мечка и таа вежбата со лизгање.
3. Омилена кола?
– БМВ.

Марија Анева

1. Два збора за тебе?
– Мрзлива. Убава.
2. Што е предизвикот тука за Марија?
– Дружењето со другите членови!
3. Плажа или планина?
– Плажа!

Деан Цонкински


ТОП ГАНС

Ана-Марија Трајковска

 1. Два збора за тебе?
– Славна. Главна.
2. Што е предизвикот тука за Ана-Марија?
– Општо за тимот предизвик ни беше да си докажеме дека можеме да направиме нешто повеќе!
3. Омилен спортист?
– Роналдо!

Даница Митаковска

1. Два збора за тебе?
– Позитивна. Енергична. Дрдорко.
2. Што е предизвикот тука за Даница?
– Да се проба нешто тимско, поразлично од индивидуалните активности.
3. Омилена планина?
– Водно!

Зоран Стефановски

Два збора за тебе?
– Позитивен. Манијакален.
Што е предизвикот тука за Зоран?
– Да се предизвикаме со тимот!
Омилена спортистка?
– Андријана Будимир!


БОД СКУОД

Дане Митрев

1. Два збора за тебе?
– Упорен.
2. Што е предизвикот тука за Дане?
– Да дојдам и да видам до каде сум со моите способности… Дали сум спремен за нешто такво…
3. Водно или Кеј?
– Кеј!

Стујард Катон (замена)

 1. Два збора за тебе?
– Искрен. Пријатен.
2. Што е предизвикот тука за Стујард?
– Вистински да дадеш сè од себе и да останеш фокусиран на она што можеш да го направиш!
3. Омилен град?
– Скопје!


СМЕДЕРЕВКА

Јулија Костова

1. Два збора за тебе?
– Упорна. Храбра.
2. Што е предизвикот тука за Јулија?
– Да симнам некое кило:))
3. Омилена книга?
– Рингишпил!

Милош Бранковиќ

1. Два збора за тебе?
Хумористичен. Многу позитивен. Вреден. 
2. Што е предизвикот тука за Милош? 
– Чучњеви дефинитивно!
3. Омилен спортски бренд?
– Најк!

Филип Стојановски

1. Два збора за тебе?
– Хиперактивен. Амбициозен.
2. Што е предизвикот тука за Филип?
– Да дојдам на време!
3. Ракија или вино?
– Вино (Мора, смедеревка нели се викаме хаха)!

 
УБ40

Атанас Михајловски

 1. Два збора за тебе?
– Љут. Јак.
2. Што е предизвикот тука за Атанас?
– Да се дружам и зезам, ништо поише!
3. Андроид или ИОС?
– Андроид, цел живот!

Жаклина Трајковска Анчевска

1. Два збора за тебе?
– Убава. Згодна.
2. Што е предизвикот тука за Жаклина?
– За да бидам уште поубава и згодна!
3. Јагоди или цреши?
– Никако јагоди, алергична сум… така да цреши! 

Весна Белешовска Бутеска

 1. Два збора за тебе?
– Паметна. Искрена.
2. Што е предизвикот тука за Весна?
– Пред сè забава…
3. Точак или трчање?
– Трчање!


СРЕЌЛИИ

Ема Димитрова

 1. Два збора за тебе?
– Издржлива. Упорна.
2. Што е предизвикот тука за Ева?
– Да се пробаме со друштвото до каде сме пред другите…
3. Омилен филм?
– Титаник!

Љиљана Крстевска

1. Два збора за тебе?
– Амбициозна. Упорна.
2. Што е предизвикот тука за Љиљана?
– Да видам колку можам да издржам реално.
3. Омилена салата?
– Цезар! 

Кристијан Стојановски

1. Два збора за тебе?
– Најјак сум, ете два збора!
2. Што е предизвикот тука за Кристијан?
– Да си ја пробам силата со другите натпреварувачи!
3. Аеробик или теретана?
– Теретана!  
 

ПЕТОК 13

Наде Василева

1. Два збора за тебе?
– Динамична. Трпелива. Издржлива.
2. Што е предизвикот тука за Наде?
– Добра дружба и да видиме до каде сме со вежбањево…
3. Маче или куче?
– Куче!

Елена Штеријовска

1. Два збора за тебе?
– Уф! Флексибилна. Енергична.
2. Што е предизвикот тука за Елена?
– Да се докажеме дека можеме нешто повеќе да направиме од она на тренинг!
3. Сладолед или торта?
– Сладолед! 

Сашка Зифовска

1. Два збора за тебе?
– Брза. Експедитивна.
2. Што е предизвикот тука за Сашка?
– Дружба и зафрканција, има ли поголем предизвик од тоа?
3. Омилена патека на Водно?
– Пензионерската никако, може онаа со успонот, Олимписка! 


ДАБОВИ

Сања Николовска

1. Два збора за тебе?
– Многу сакам да возам точак.
2. Што е предизвикот тука за Сања?
– Интересно е што предизвикот има бодови и натпреварувачки карактер.
3. Омилени патики?
– Адидас!

 Зоран Атанасов

 1. Два збора за тебе?
– Насмеан. Брз.
2. Што е предизвикот тука за Зоран?
– Да се пробаме освен на планини и во ваква околина.
3. Фудбал или кошарка?
– Кошарка!

Виктор Најдовски

 1. Два збора за тебе?
– Натпреварувачки дух. Весел.
2. Што е предизвикот тука за Виктор?
– Другарите!
3. Инстаграм или твитер?
– Твитер!