Кога тинејџерите ќе стивнат

Идејата да направиш самостојно поминување на Исланд како дел од некоја супер спонзорирана авантура е сосема во ред, само што кога се работи за мртва зима, а протагонистите се тинејџери со по 18 години тогаш ти станува јасно каков ќе биде исходот. Само не знаеме што тие мислеле. 

The Coldest Crossing претставува(ше) проект составен од четворочлена група на млади авантуристи од Британија во кој тие требаше да направат самостојно поминување на Исланд во должина од околу 400 километри во екот на зимата. Во ова поминување, предвидено за околу 18 дена, тие требаше целосно самостојно да се издржуваат и преживуваат во страшните арктички услови кои владеат во исландската дивина, но планот баш и не помина така. 

Групата набргу по стартот ја повика локалната спасителна служба која патем речено е целосно бесплатна за користење при несакани случаеви и е водена од донации и волонтери, за да биде пружена помош не еден од тинејџерите кои имал инфекција на белите дробови. Потоа тие биле префлени до друга локација откаде ја продолжиле рутата за по втор пат да ја викнат спасителната служба поради смрзнатини на прстите на еден од членовите. 

Да биде иронијата уште поголема, другите тројца продолжиле со својот поход и „успеале” дури и трет пат да повикаат помош кога сфатиле дека се целосно истоштени и дека немаат никакви шанси да продолжат. 

Нивниот невозможен и за почеток целосно нереалистичен план наиде на многу негодувања и критики од домашните како и странските граќани бидејќи тие ги повикувале службите за спасување дури три пати пред да се откажат од акцијата.

Дополнително, после неуспехот на акцијата, Свеин Свенсон, еден од спасувачите при службата направи анализа на нивниот план при што тој нагласи неколку целосно утнати работи од страна на експедицијата како: тие не биле (т.е. немало да бидат) првите кои ќе направат ваков подвиг (спротивно на она што го имале нагласено на нивниот вебсајт), тие одбрале целосно погрешен перид – зимски минувања се прават околу март или април кога има добра база на снег и подобри временски услови, имале целосно погрешен избор на скии итн.. 

Еве го трејлерот како загревање за главниот филм сниман преку летото 2015 година во Исланд

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија