Коби реши да се одјави

Откако официјално го најави своето пензионирање на крајот од нареднава сезона, еден од најдобрите кошаркари во историјата на играта реши да се одјави со поема наместо со тројка. 

Пишува Коби Брајант *оригинал ТУКА / преведуваме ние, слободно како што сакаме, знаеме и умееме:

Драга Кошарко,

Од моментот кога
почнав да ги сукам високите чорапи на татко ми
И да шутирам замислени
решавачки кошеви
Во салата Грејт Вестерн Форум
бев сигурен во една работа:

Се заљубив во тебе. 

Љубов толку длабока што ти дадов сè – 
Од мојот ум и тело
До мојот дух и душа

Како шест-годишно дете
Длабоко заљубено во тебе
Никогаш не го видов крајот на тунелот.
Само се гледав себеси
Како трчам сам.

И така трчав.
Трчав нагоре-надоле по теренот
По секоја изгубена топка за тебе.
Ти ми ја побара мојата сила
Јас ти го дадов моето срце
Затоа што добив нешто многу повеќе.  

Играв низ потта и болката

Не заради предизвикот 
Туку затоа што ТИ ме повика.
Јас направив сè за ТЕБЕ
Затоа што тоа е одговорот
Кога некој те прави да се чувствуваш
Така жив како што ти ме направи јас да се чувствувам. 

Ти му го даде Лејкерскиот сон на едно шест-годишно момче
И секогаш ќе те сакам поради тоа.
Но не можам да те сакам опсесивно за уште долго.
Оваа сезона е последното што го имам за давање.
Моето срце може да го издржи удирањето
Мојот ум може да се справи со притисокот
Но моето тело знае дека е време за збогум.

Но тоа е ОК.
Јас сум подготвен да те пуштам.
И сега сакам да знаеш
За и двајцата да уживаме во моментите што ни преостануваат. 
Добрите и лошите.
Двајцата си подаривме
Се што имавме.

И двајцата знаеме, дека без разлика што ќе правам следно
Секогаш ќе бидам детето
Со засукани чорапи
Кантата за ѓубре во ќошот
:05 секунди на часовникот
Топката во моите раце.
5…. 4…. 3…. 2…. 1 

Те сакам засекогаш,
Коби 

Следат десетте најдобри игри во кариерата на Коби според каналот на NBA

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија