Кирил Лазаров повторно номиниран за ракометар на годината

Најдобриот македонски ракометар , Кирил Лазаров и оваа година е номиниран за ракометар на годината според специјализираниот ракометен портал „Planet-handball”.

Во годината во која Лазаров стана европски првак со Барселона и беше втор најдобар стрелец во Лигата на шампионите зад Момир Илиќ, јасно е дека заслужено доби место меѓу четворицата номинирани на неговата позиција, десен бек.
Ласло Наџи од Веспрем, Жарко Марковиќ, кој со Катар освои сребро на мундијалот, и Алекс Душебаев од Вардар се тројцата ракометари кои ќе му кандидираат на Лазаров.

 ГЛАСАЈ ТУКА 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија