Карвање на бранови

Нешто слично како нормалното скијање на снег, се разбира. Имаш скии, штеки кои ги користиш како точка на ротација, уживање и адреналин, само медиумот е поликвиден, а и можноста за присуство на мештанските предатори е поголема.

Чак Патерсон во минатото бил професионален скијач, но секое лето одел на Хаваи каде што сурфал исто така на професионално ниво. Откако ја завршил скијачката кариера почнал да експериментира со фузирање на двата омилени спорта и дошол до креирање на посебен вид на скии со кои што може да се совладуваат огромните бранови.

За да може да ги фати брановите со голема брзина тој се потпрел на tow – in surfing (сурфање со влечење во буквален превод) што значи дека потребен е скутер за да те повлече и ти даде моментум за фаќање на брзите бранови. Само што тука тој ги користи неговите специјално дизајнирани скии за на вода со кои буквално скија на едни од најмоќните бранови во светот на плажата Jaws во Мауи, Хаваи.