„Карма” имаше многу лоша карма

Откако пред некои две години дронот на ГоПро ги имаше првите проблеми и тоа веднаш по пуштањето во продажба, сега, откако се пресметаа за 2017 година, компанијата реши да го затвори проектот, да се повлече од индустријата со дронови и да отпушти 250 вработени. 

Пресметките од последниот квартал од минатата година, покрај овие промени, го натераа гигантот во спортски камери дополнително и да ја намали цената на неговите камери. Се отпуштаат 250 вработени, се затвора проектот Карма, а ЦЕО-то на компанијата, Ник Вудман ја намалува неговата плата на 1 долар, во обид да ја спаси фирмата. 

Во последниот квартал од 2017 година тие направиле обрт од 340 милиони долари што е најниско од 2014 година и покрај тоа што во 2017 година тие практично беа на втората позиција по број на продадени дронови во САД. Сепак, новите строги регулативи за летање во Европа и САД очекувано ја намалуваат побарувачката на ваков тип на летала, а уште во 2016 година, кога дронот Карма беше пуштен во продажба, компанијата мораше да повлече 2500 парчиња поради грешка во софтверот. 

Сепак, од компанијата велат дека и покрај проблемите во 2017 година, тие веруваат дека 2018 ќе биде успешна преку нивните нови и новативни проекти. Последен од нив е камерата „Фјужн” која снима во 360°. Новиот продукт, пуштен во продажба на крајот од 2017 година покажа поголема продажба од очекувањата.

ГоПро Фјужн – повеќе за камерата тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија