Карајованов задоволен од досегашниот престој во САД

Јане Карајованов многукратен државен првак во повеќе пливачки дисциплини, тренер по пливање и дипломиран професор на Факултетот за физичка култура-Скопје, е на подолг едукативен престој во САД кој го обезбеди Македонскиот олимписки комитет.

Обуката е насочена кон основите на спортскиот тренинг, дизајн и планирање на тренинг, идентификација на таленти, спортската медицина, спортски повреди, спортската психологија, нутрицизам, биомеханика, анти-допинг, изработка на микро, мезо и макро циклуси, темпирање на форма, спортски менаџмент, спортски маркетинг и слични содржини кои се неопходни за идентификација на талентирани пливачи и постигнување на врвни спортски резултати на еден спортист.

Моментално Јане се наоѓа на теоретска настава на универзитетот во Делавер каде присутните предавачи се од повеќе универзитети во САД. Од нив досега најзвучни имиња се Richard Way кој е архитект на Long Term Athlete Development на Канада и Arlene Limas која има освоено златен медал за САД во теквондо на Олимпијадата во Сеул. 

На 04.10.15 обуката ќе се префрли во Балтимор во North Baltimor Aquatic Club клубот на Мајкл Фелпс и таму веќе ќе се започне со специјалната обука за тренер по пливање, а од 11-23.10.15 во Colorado Springs ќе се одржат предавања од повеќе Олимипски тренери на САД.

Прекрасно е чувството да се биде помеѓу 36 избрани тренери од целиот свет (Латвија, Америка, Камерун, Бразил, Мексико, Оман, Пакистан, Кипар, Србија, БиХ), оваа обука ми ја овозможи Македонскиот Олимписки Комитет каде претходно бев на обука за напреден спортски менаџмент и во дускусија со генералниот секретар Сашо Поповски ми беше предложено да аплицирам и за оваа обука. Апликацијата ја дадовме во април и истата во август беше прифатена. Темата ќе ја бранам идната година во Лозана и со сертификатот се здобивам со високо призната тренерска лиценца. 

Условите тука се повеќе од одлични, огромни средства се инвестирани во нивните бази со што веднаш пливањето се става на висок пиедестал. Задоволен сум од досегашниот  тек на обуката и со нетрпение ги очекувам и следните фази. – Изјави Јане за К4Т

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија