Многу кислород во близината на Скопје

Караџица – дополнителна доза кислород

На само 30 минути од центарот на Скопје, лежи масивот Јакупица кој нуди вистинско планинско доживување, а за тоа немате потреба од големи издатоци за рекреација.

Деновиве кога Скопје е во обрач на смог и магла, Караџица како дел од масивот нуди импресивни пејсажи, многу букова, дабова и иглолисна шума со еден збор многу кислород. Ние ги искористивме последните моменти на рекреативно планинарење пред да дојде вистинскиот снег над големите врвови.