Наслов

Kangoo Jumps Workout - обука за инструктори со Oxana Moshescu

Последниот викенд од јуни се организира обука за Kangoo Jumps инструктори со најдобрата Oxana Moshescu Kangoo Jumps Trainer. Затоа приклучи се и ти! Биди дел од Kangoo Jumps фамилијата, здобиј се со Kangoo Jumps интернационална лиценца.

Кратка програма:
24/25.06.17 - KANGOO POWER ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ЛИЦЕНЦА
26.06.17 - KANGOO BOOTCAMP ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ЛИЦЕНЦА

На 24-ти јуни на Велешко Езеро, Оксана ќе одржи отворен тренинг за сите, независно дали ја посртувате обуката за КЈ инструктори, но задолжително е пријавување на телефон 075377733 или пак на фејсбук фан страната на Kangoo Club Macedonia

Инаку Kangoo Jumps - Power Program е мотивационен тренинг и вистинска забава!

Kangoo Power е експлозивна, високо мотивирачки програма, специјално дизајниранa за да го предизвика целото тело во градење на мускулна сила и кардио-респираторна издржливост.

Секое движење е дизајнирано за да може да се фокусира на стабилноста на 'рбетот, да се обезбеди стабилност и баланс за време на тренингот што ќе ги предизвика па дури и најдобрите. Основните потези се лесни да се следат и да се вршат со зголемена комплексност и интензитет, кои во текот на тренингот се соединуваат заедно и се создава кореографија. Оваа програма одговара на сите, без разлика на тежината и здравствените проблеми, можат да ја работат сите, па дури и луѓе со проблеми на колената (освен бремени жени). Kangoo Power програмата се вежба со помош на отскокнувачки чевли кои го држат вашето тело исправено и во баланс, ве заштитуваат од повреди и го зголемуваат скокот.

"Скокај од радост" не е само израз, го опишува чувството на еуфорија, на силата и леснотијата која секое лице може да ја доживее додека вежба со забавните отскокнувачки канго чевли. Оваа состојба на свеста придружена со скокови може да го подобри животот на секој човек, правејки го радосен без разлика на годините и неговата физичка спремност.

Kangoo Jumps отскокнувачките чевли биле проучувани од Др. Мортон Вокер кој ги објавил во неговата книга "Скокање за здравје", каде што објавил 30 специфични анти-стрес придобивки од овој забавен фитнес.

Kangoo Jumps е фитнес кој досега докажано троши најмногу калории. Вашето тело не е уморно, напротив, со помош на отскокнувачките чевли вашето тело се релаксира и ослободува од стрес, лачејќи хормон на среќа - ендорфин.

Инструкторите Лепа Јовиќ и Нона Јовиќ во Велес и Скопје први се здобија со лиценца со која постанаа првите меѓународни Канго Џампс инструктори во Македонија! Останати инструктори во Македонија се: Павлинка Тренчовска и Атанас Милев во Струмица, Елена Димитриевска, Кристина Стојановиќ и Тамара Јовановска во Скопје, Леонора Апостоловска во Гостивар, Лидија Стефановска и Сања Тодоровска во Куманово, Наталија Василова во Кочани.

16 Јуни 2017

За авторот