Канада отвара рекреативна патека долга 22,000 километри

Ова ќе биде најголема рекреативна мрежа некогаш изградена од една држава во светски рамки…

Можеби некои знаат дека Германија веќе отвори патека за велосипеди што се простира 62 километри низ државата.

Подвигот е вреден за почит бидејќи и другите држави е потребно да го следат овој тренд што е полезен и за луѓето и за природата.

Но ако „само” 62 километри беа импресивни оваа информација е скоро неверојатна!

Канада моментално има автопат што не е наменет за автомобили и простира ширум државата со должина од 20,770 километри. Тоа е за 208 пати подолго од Германската патека.

Всушност, ова е најдолгата рекреативна патека во светот.

Изградбата на оваа патека започнала во 1992 година и се очекува да се финишира во 2017 година за јубилејната 150 годишнина од постоењето на Канада.

Досега 87% од патеката е комплетирана и веќе ги поврзува повеќето поголеми градови низ Канада.

Иако ова нема да биде традиционална велосипедска патека, сепак нуди многу можности за авантури на отворено. Ексклузивно е дизајнирана за рекреативни намени која дозволува само велосипедисти, пешаци/планинари или јавање на коњи во летниот период и крос-кантри скијање во зимскиот период. Тогаш буквално би можеле да поминете низ целата држава на скии.

На оваа мапа може да видите каде се протега патеката. А постои и интерактивна мапа за жителите на Канада со цел полесно да ја пронајдат најблиската патека до нивното живеалиште.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија