Како заврши oдбојката на плажа – Охрид 2013

Со вчерашните финалиња во машка и женска професионална конкуренција, заврши седмото отворено првенство во одбојка на песок Beach Volleyball Ohrid 2013. Галерија тука!

По пет сончеви денови на плажата Бафало во Охрид, 33 тимови одиграа 80 натпревари во одбојка на песок на двата терени на Beach Volleyball Macedonia.

И оваа година трофејот во машка конкуренција замина на Косово. Најдобри кај одбојкарите беа Валон Никчи и Газменд Хусај. Тие во финалето ги совладаа младите Бруно Мицули и Клаудио Кераџија од Албанија.

Третото место го освоија домашните Дејан Симовски и Кристиан Ристески.

Кај девојките, за прв пат во седумгодишната историја на турнирот, титулата заминува во Бугарија. Марија Алаџова и Ирена Мишонова беа подобри од нашите Власта Ружиновска и Сандра Георгиевска во финалето на женскиот турнир во Охрид. Третото место им припадна на минатогодишните освојувачки на турнирот, Назе Ибраими и Вилдане Јашари од Косово.

Кај играчите до 20 години, најдобри беа учесниците во сениорското финале, Мацоли и Кераџија од Албанија, а кај девојките до 20 години Бисера Ристовска и Калина Трпевска.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија