Како вежбањето ни помага во учењето

Во последните декади, сите студии што ја разработуваа оваа тематика едногласно доаѓаа до заклучок дека вежбањето ја подобрува способноста да меморираме нешто ново, но подлабоките специфики беа ни малку јасни. Дали треба да вежбаш пред да учиш нешто ново? Дали е подобро да го направиш тоа после учењето, и со какви специфики треба да биде тренингот за да извадиш максимум од мозокот?

Две нови студии покажаа дека тајмингот и интензитетот со кој се работи, дури и на една единствена тренинг сесија може различно да влијае врз способноста да се запомни нешто ново.

Во поновата беа вклучени 81 жена кои беа поделени во три групи. Задачата беше мала игра со паметење на зборови. Секоја жена има слушалки на кои во времетраење од 30 минути одела снимка од парови на зборчиња, едниот на мајчиниот јазик (германски), а другиот на комшискиот (полски), а задачата била да се запомнат што повеќе парови.

Првата група пред да ја ислуша снимката седела во мирна просторија за 30 минути, втората лесно возела фиксен велосипед па седнала ја слушала снимката, а третата ја слушала снимката за време на возењето на велосипед со среден интензитет.

По два дена, резултатите покажале дека најмногу запаметила групата која лесно вежбала за време на процесот на креирање на меморија (третата група). Тие имале најсолидна присетување на паровите на зборови, значително подобро од оние кои вежбале пред учењето, а малку подобро од овие што одмарале.

Во втората студија (која е горе долу иста) се покажаа слични резултати, но таму се увиде дека тренингот, без разлика дали за време на или пред учење не прави подобрување на краткотрајната меморија.

Резултатите биле земени веднаш по вежбањето и не се покажале никакви подобри резултати на оние што вежбале додека учеле (тие дури и биле послаби). Но, повторените резултати по еден ден покажале дека разликата се изгубила и сите ги извеле задачите на слично ниво.

Се претпоставува дека тајмингот на вежбање и интензитетот ја афектираат функцијата на меморирање иако се немаат никакви докази за тоа како функционира на молекуларно ниво.

Вежбите со лесен интензитет произведуваат ниски, но сосема доволни нивоа на физиолошки стимул со што помагаат на мозочните клетки за внес на нови информации и енкодирање на истите во меморија.

Во спротива, потешките физички активности премногу го стимулираат мозокот и телото со што прават монопол на енергетските ресурси за на крајот да останат помалку калории за креирање на мемории.

Од друга страна и тајмингот е битен. Доколку се спремате за испит, квиз, тест итн. кој е за некој ден во блиска иднина, слободно вежбајте додека учите, но доколку полагате после неколку часа, подобро е да си седите мирни и да си читате.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија