Како те гледа сонцето

Ако сте од оние кои пред да отидете на било каква спортско авантуристичка тура на отворено или пак можеби само на здодевно плажирање се прашувате дали воопшто ви треба крема за сончање, нека ви текне на ова. 

УВ камерата ги „гледа“ промени на кожата кои се инаку невидливите за човечкото око. Иако извор на животот на планетава, сонцето со неговото интензивно зрачење е најголем виновник за големи структурни промени во кожата, нејзиното предвремено стареење и многу други поопасни исходи како малигниот меланом.

Камерата исто така ги прикажува и оние материи кои целосно ги одбиваат лошите УВ зраци како што се наочарите за сонце и кремата со заштитен фактор. 

За следен пат, погрижете се за вашата кожа кога сте активни на отворено!

Сигурно ќе ве интересира – Избегнете изгореници од сонце

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија