Како таа движи

Ние одма ќе ви кажеме дека таа движи перфектно. Контрасти, бои, Охридско, скирол, енергија, Пештани, Натали. Убаво е и кога си дома, нели?

Натали Башоска е оригинал пештанка, но последнава година таа беше на своите студии по кинематографија во Њујорк. Моментално таа е назад во нејзиното родно мало место, а вториот сегмент од проектот A Day In The Life кој е сниман во Пештани е нејзиното надоврзување на оној што е сниман во хаотичниот Њу Јорк.

Идејата е да се долови контрастот на животот таму и тука, но и да се покаже дека животот не е секогаш досаден во нашите мали местенца, единствено треба да ги смениме нашите очила за сонце. 

Натали и нејзините фотки ќе ги најдете ТУКА, а сега, еве ви го и Њујорк. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија