Како се снимаше скијањето во шума од „Валхала“

Делчето од скијачкиот филм „Валхала“ каде е прикажана неверојатната комбинација на скијање во дождовна шума претставува еден од најинтересните идеи реализирани на платно. Powder Mag прави интервју со екипата позади сегментот каде откриваат детали околу снимањето во чилеанската шума. 

„Валхала” е скијачкиот филм на продукцијата Sweetgrass кој ја доби наградата за најдобар филм на годината на наградите „Паудер” (Powder Awards). Во ова интервју, продукцискиот тим открива некои моменти од макотрпното снимање на шумскиот сегмент, кој ни малку не бил лесен за реализација.

Малата количина на снег која беше потребна за скоковите на сегментот беше носен од околната планина до шумата со камионче (претходно товарен на рака), па потоа, носен во непристапната шума во ранци. Поради топлото време (снимано е некаде јули), снегот бргу се топи, со што екипата има лимитирано време за изведба на посакуваното.

Но исходот е фантастичен.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија