Како се калеше златната топка

Повеќе од пет декади се доделува наградата Златна топка на најдобриот светски фудбалер на годната, но малкумина знаат дека за формирање на овој позлатен орнамент потребно е долготрајно рачно и прецизно комбинирање на неколку исклучителни занаетчиски знаења и способности. Еве како на идентичен начин се кали Златната топка веќе половина век.

Наградата Ballon d’Or е зачната од главниот новинар на Францускиот Фудбалски магазин, Габриел Ханот во 1956 година. Најпрвин таа била доделувана единствено на играчи од Европа кои настапувале за Европските екипи па долго време Златната топка не била доделувана на играчи од други континенти. Ваквиот начин на гласање траел се до 1995 година кога е направена смена во правилата која дозволува наградата да припадне на било кој фудбалер во светски рамки.

Од првата Златна топка па се до ден денес таа се изработува од страна на престижната француска работилница за накит Mellerio dits Meller која постои од далечната 1613 година. Фамилијата Малерио е позната по изработувањето на орнаменти и накит за бројни кралски дворци низ Европа, церемонијални мечеви и трофеи меѓу кои и Златната топка.

Иако фудбалот видно се има изменето во текот на годините во сите погледи, Златната топка има останато буквално иста. Во процесот на изработката се комбинираат и спојуваат неколку различни занаети меѓу кои златарство, ковање на метал, украсување со помош на тенки златни ливчиња, гравирање и полирање.

Процесот започнува со креирање од две бронзени полутопки кои се формираат од бронзени плочи преку ковање и обликување (позната француска техника asrepoussage). Двете полутопки потоа се заваруваат од страна на златарот. На веќе формираната сфера со помош на длето и чекан се прават препознатливите правоаголници кои се составен дел од фудбалската топка. Следната фаза е полирање на целата топка и гравирање на потребните елементи на нејзината површина. Во последната фаза трофејот се потопува во течно злато после што се монтира на основа од железен пирит.

По официјалното избирање на добитникот на Златната топка, неговото име дополнително се гравира на самата топка и на нејзината основа.