Како се дефинираш себеси?

Во денешниот свет каде што успехот е загарантиран ако имате богатство или колку луѓе имате на социјалниот свет, забораваме едно големо прашање. Што вистински нè дефинира нас?

Лизли Велакез страда од ретка болест која не и дозволува да ја зголеми килажата и има 0 % телесни масти. Иако секому му е сон да јаде без да накачи некој килограм, дали навистина на тој сон вреди да му се дава внимание и приоритет?

Лизли од сопствениот круг на луѓе е прогласена за најгрдата девојка на светот, но тоа не и попречило да го постигне нејзиниот сон, а тоа е да стане мотивационен говорник.

Нејзината порака до вас е да ја искористите негативната енергија од другите и да ја искористите во ваша полза со што ќе дојдете поблиску до вашите цели и соништа.

Никогаш не се откажувај и секогаш размислувај позитивно!